Револуционерната организација врз идните гемиџии влијание вршела и преку нејзините основачи и раководители: Даме Груев, Пере Тошев, Петар Поп Арсов, Ѓорче Петров и други.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Пишувајќи за тоа како ја доживеале Виничката провала, еден од идните гемиџии раскажува: „Таа го изнесе на видело постоењето на Револуционерната организација и ѕверствата на деспотската турска власт.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Во нејзините редови ја започнале својата револуционерна активност и некои од идните гемиџии.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Формирајќи се како револуционери и прифаќајќи ја македонската ослободителна идеја, идните гемиџии не ја прифатиле и масовната оружена борба како најисправно средство за ослободувањето на Македонија.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)