Трето, ако ефектот од намалувањето на придонесите и вклучувањето на претходните исплати на работниците за хранарина и превоз во основицата за пресметка и плаќање придонеси е повеќе или помалку ист од гледна точка на работодавците, од гледна точка на работниците ова преструктуирање значи намалување на висината на нивната идна пензија, поради намалувањето на процентот на придонесот за задолжително пензиско и инвалидско осигурување од 19% во 2009 година, преку 16,5% во 2010 година, на 15% во 2011 година (чл. 25, 30 и 31).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Имајќи предвид дека висината на сите три надоместоци е пониска од висината на платата, следствено, новото законско решение значи и намалување на висината на идната пензија на корисниците на овие надоместоци.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Промените ги засегаат и работниците, преку намалување на веројатноста дека ќе добијат надоместоци за храна и превоз и преку намалувањето на износот на нивните идни пензии, а посредно и преку намалувањето на приходите на Агенцијата за вработување и Фондот за здравствено осигурување по основа на придонеси од задолжителното социјално осигурување.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)