На моите идни поколенија им ја препишав мојата интуиција како пропаст (подобро да не го отвораат тестаментот).
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Ама сепак, само во пената на кафето на плоштадот во Сиена наместо со цимет, со прав од отечени ѕвезди се нацртани разголени женски гради и само мермерот во црквата во Сиена е жежок – ем од трите разголени грации, ем од недобројните алчни зјапачи во уметнички дела, демек.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Ех, уште многу нешта се зборуваат во Фиренца за Микеланѓело, а тој ладнокрвно си се пикнал самиот во себе и во тишината на Санта Кроче се мачи да им ја остави на идните поколенија тајната за оживување на мермерот.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Демек, оттогаш кинисала скапијата и дека врз таквите призори од минатото се издигаат новите светски кризи и неизвесната иднина.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Пак си тераат по свое, си ги негуваат мустачињата, глуви за одговорноста пред идните поколенија, тие та дури и умираат колку да се умре.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Што ако цела сала ќе ги наврти кон нив прекорните погледни, толку да им чини на самобендисаните.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Сега кафето што се служи на плоштадот во Сиена е без талог, па јасновидците со други алатки го распретуваат развратот од минатото, а на идните поколенија уште во времето на асолното кафе и онака им беше проречена рамнодушноста.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Она што е битно е поголемиот пакет – фактот дека хетеросексуалноста си останува општествена и културна норма, дека хетеросексуалноста си ја задржува моќта на хетеронормативноста.464
Хетеронормативноста е систем од норми поврзани со одреден облик на живеење, облик на живеење што опфаќа низа меѓусебно поврзани елементи, од кои сите се слеани во единствен стил на општествено постоење.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сите тие треба да се одвиваат под истиот покрив.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но за опстанокот на геј-културата, она што е битно не е нормативноста на хетеросексуалноста како сексуална практика.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Таквото постоење, за да се создаде, изискува стабилен домаќински живот што неразделно се дели со едно друго лице од горе-долу истата возраст, но од различен род и различен пол (оној со кој лицето се родило, кој не подлежи на промени), во ексклузивна, дијадична, љубовна, некомерцијална поставеност што се води во заеднички домашен животен простор, воспоставен и зацврснат со сопственоста на имотот и другите облици на богатство што може да се пренесуваат на идни поколенија.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тој систем на норми не го опишува толку начинот на кој луѓето живеат или треба да живеат колку што определува еден хоризонт на очекувања за човековиот живот, склоп идеали кон кои се стремат луѓето и според кои ја мерат вредноста на сопствените и на туѓите животи.
Според тие норми, достоинството и вредноста на човековиот живот се изразуваат во особен облик на интимно постоење во пар.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Што ни остана нам и на идните поколенија?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Овој феномен бил познат и во антиката и е наречен „Орфеев ефект“ кој ете, и јас го осознавам, го откривам, ќе го проучам, ќе го запишам и на идните поколенија ќе им го оставам“.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Со научни прашања не сакаат да се занимаваат, но затоа се убави организатори: можат да организираат лотарии, да пропагандираат некоја работа, да организираат некоја вечеринка со добротворна цел, без да му гледаат многу многу оти со неа ќе се оскандалат и себеси и идното поколение од бугарски студенти во Петроград.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во основа тоа е сликата за нашите идни поколенија.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Поводот да се зафатат со Камилски со справување со вербалните рецидиви на една поразена империја, не беше поврзан толку со минатото колку со иднината на народите на Балканот, на идните поколенија.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
За Татко проучувањето на лавиринтите доби посебно значење кога тој беше опседнат од својот проект на животот да ја напише за идните поколенија Историјата на Балканот низ падовите на империите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Неспособни да создаваат денес, да го организираат граѓанскиот развој на општеството како сопствена историја, а губејќи ги надворешните непријатели, Јужните Словени сега ја позајмуваат последната сила од идните поколенија за свое внатрешно самоистребување. »» Наспроти тоа, кај нас човек, општествено и психолошки, функционира единствено како припадник на одредена нација.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Животот (славниот наш виталитет) овде се сочувал „но по цена која е повисока од самиот живот, бидејќи снагата за одбрана и одржување е позајмувана од идните поколенија, коишто се раѓаа(т) задолжени и оптоварени”, медитира Андриќ во Крајпатните знаци.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Втората, дополнителна но помалку веројатна претпоставка била изнемоштеноста на старецот а не болното сознание за сериозноста на пораките што се сметал за задолжен да им ги пренесе на идните поколенија.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Велат: „Не сме ја наследиле од нашите татковци, туку сме ја позајмиле од идните поколенија! - Ама за тоа малку размислуваме.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Хенри, по божја милост крал на Франција и Навара, на сите сегашни и идни поколенија, поздрав.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
(...) Ако е божја волја, сега да ни дозволи да уживаме малку одмор, мислиме дека не би можеле подобро да го искористиме отколку да се посветиме на она што би можело да се однесува на славата на Неговото свето име и служба, и да се погрижиме да го честат и да му се молат сите наши поданици, а ако не му годи да дозволи да биде тоа во еден единствен облик на религија, нека биде барем само со една единствена намера и со такви правила, да нема меѓу нив ниту најмало двоумење или немир и ние и ова кралство ќе можеме засекогаш да го заслужиме и да го сочуваме гордиот назив многу христијански, што бил придобиен со толку заслуги и веќе пред толку време; и на еднаков начин да се отстрани причината за злото и за немирот што би можел да настане заради верата и е сѐ понеопиплив и попродорен од сите други.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Во оваа прилика, кога се работи за мошне важна работа што вреди добро да се разгледа, откако ги прегледавме книгите на жалби на нашите католички поданици и откако им дозволивме на своите поданици на споменатата вера, што се прогласува за реформирана, преку своите пратеници да ги соберат и да ги посредуваат своите книги на жалби и да ги соберат сите свои забелешки, и врз основа на тоа со нив повеќе пати ги споредивме и ги прегледавме претходните одредби, оценивме дека е сега потребно да се даде за сите заедно на сите наши поданици општ, јасен и сѐопфатен закон, со којшто ќе бидат уредени сите спорови што до сега се појавиле меѓу нив и ќе се појавуваат и понатаму, и со којшто ќе биде можно да се задоволат и едните и другите, колку тоа во дадените околности ќе биде возможно. што се однесува до нас, поради тоа што оваа одлука ја донесовме само од желбата да му служиме на Бога и со намера сите наши поданици и понатаму да можат да го почитуваат и да склучат меѓу себе цврст и траен мир, понизно ја молиме Margina #32-33 [1996] | okno.mk 93 Неговата божја милост за еднаква заштита и наклонетост, што секогаш видно ја доделувал на ова кралство од самото настанување и сите овие долги години што ги достигнало, и да им наклони милост на нашите поданици, за добро да разберат дека почитувањето на оваа наша одредба (по тоа што е нивна должност кон Бога и кон сите) е главен темел на нивната врска, соживот, мир и спокој и повторното уредување на целокупната држава во првобитниот сјај, изобилство и моќ.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
За да може тоа свое животно искуство да им го пренесе на идните поколенија, за да може јасно, кратко и разбирливо да им ги упати тие пораки на генерациите што доаѓаат, народниот мудрец оставил пораки во вид на поговорки.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Така сѐ што се прави, сѐ што се работи со желба да се изгради нешто, да се создаде, да се остави за идните поколенија - убаво е.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)