Не знам дали потоа спие со неа или излегуваат На прошетка Тоа се толку тајновити нешта, За нив никој ништо не раскажува Само знам дека во едно од идните утра мечката ме разбудува Од зимскиот сон и грубо бара да играме нова партија шах Фигурите се убаво подредени а Кралицата, Кралицата со некој Нов нескриен пламен во очите нестрпливо чека Да го повлечам првиот потег И да ја упатам кон нов пораз. на Прочка 2001
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)