Од тие причини, во Форин офис се заклучило со овој нивни став да се запознаат Владите на СССР, САД и Југословенската и Бугарската влада пред последните две да ги искрастилизираат следните свои политички чекори, со што би ги избегнале идните меѓусебни обвинувања.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Се предлагало Владата на Неговото Височество да го прифати и да го поддржи ставот со кој со одобрување би било прифатено федерирањето меѓу сите балкански држави, сојузнички и непријателски, и со вклучување по можност на Турција, а никако не би ја прифатиле исклучивата унија или федерација помеѓу Југославија и Бугарија поради фактот што тоа "би ја нарушило рамнотежата на силите меѓу балканските држави", со што Грција би била изолирана и на тој начин загрозена нејзината позиција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)