Поради тоа што скоро сите поборници за идејата за легализација сакаат да го ограничат уживањето на дрога, но не по пат на кривично гонење, овие недостатоци би можеле да се сметаат за корисни - доколку не би пораснале до мерка која би овозможила остварување профит на црниот пазар.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Постои цела низа начини како би можел да се организира легалниот пазар.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Друга можност за легализација би била и дозволата за продавање дрога од страна на приватниците, со извесни ограничувања, како што се продажба на малолетници или поставување на автомати, како што е случајот со цигарите.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Наведуваме шест главни можности: Легализација на помалку опасните дроги. - Откажување од кривичното гонење наместо потполна легализација. - Издавање дрога на лекарска рецепта. - Продавање дрога во државните продавници, како што во некои земји се продава алкохол. -Продавање дрога во приватни продавници, со извесни ограничувања како што се забраните за продажба на малолетници и продажбата со помош на автомати. - Дозвола за продажба без какво и да е ограничување.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)