извесен (прид.) - смисла (имн.)

Врз ова влијае не само онаа тесна историска врска, која постои меѓу јазикот и писмото, што во извесна смисла се надградува врз јазикот, туку и самата природа на писмото, која покажува многу заеднички црти со системот на јазикот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Слични форми на иконокластика може, исто така, да се сретнат и во написите на помалку милитантните уметници, како што се Picasso и Малевич, од кои последниов во 1919 година изјави дека единствената отстапка што треба да им се направи на традиционалистите е „да се дозволи да изгорат сите периоди како едно мртво тело“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Со тоа се отвора можност кон системот на писмо да се примени низа од оперативни поими, кои се разработени во други семиотички дисциплини, и пред сѐ, во науката за јазикот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
“ А еден германски студент кој во 1982 година толку силно се исплашил од сликата „Кој се плаши од црвено, жолто и сино IV“ (1966-67) на Branett Newman во Националната галерија во Берлин, што во напад на бес ја удрил со тупаница, ја клоцнал и најпосле ја исплукал, подоцна тврдејќи дека самиот Њуман, кога би бил жив, во извесна смисла би го делел неговото мислење: „Чувствувам дека сега, за првпат, сликата е навистина комплетна по она што и го направив.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Така, Шафрази кажува во едно интервју: „Сакав уметноста наполно да ја осовременам, да ја извлечам од историјата на уметноста и да и дадам живот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Дали може да се тврди дека иконокластичната реторика, што постои во манифестациите на раната авантгарда, подготвила основа за вистинска деструкција на уметничките дела и, во извесна смисла, дури и легализирала некои од овие деструктивни дела?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но козите, во регионот, беа не само мно­гу­бројни, туку во извесна смисла тие беа и дел на семејствата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Конечно, многу е посурово и во извесна смисла „повозбудливо” бивствувањето на Балкан (кој ако не е мртов, умира полека ама сигурно), отколку во скутот на старата курва наречена... итн. што читаш, што гледаш, со кого се дружиш?
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Филмот никогаш нема да го има тоа доживување на сурова, иманентна присутност, тој вид на „насилство”, катарза, страв или едноставно мирис, кој што го има театарот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Анте ПОПОВСКИ „Патувања“ во извесна смисла може да се рече се преиздание на моит епатеписи „Од Париз до Истамбул“, ЗИД „Нова Македонија“- 1973 година. меѓутоа не е така во вистинска смисла на зборот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во извесна смисла, личноста на Џоан Фонтејн беше досадна, бидејќи главната хероина никогаш не се бранеше, просто дозволуваше госпоѓата Денверс да ја гази.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во извесна смисла, тоа беше самоодбрана кога Англичаните тврдеа дека Хичкок се продал за материјалните богатства на Америка, дека ги исекол своите корени и така го уништил својот талент.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Можев да го опишам Њујорк, распоредот на театрите и големите продавници.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
” •Да, се согласувам, но во овој филм психолошката ситуација е пред сето останато и малку им се посветува внимание на сцените кои објаснуваат, токму затоа што тие и не тежнеат кон тоа.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Колку што ми е познато, тој не обезбедува општ аргумент против присутноста.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Еден метафизички текст застапува извесна форма на присутност, p.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Попрво, она што тој го прави е земање примери од философските или метафизичките текстови кои што ја застапуваат присутноста, И покажување дека во извесна смисла тие се самоподривачки.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Според Сосировата семиотика, таа ја црпи својата смисла од нејзиниот опозит, не-p.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Првото е да се пресврти привилегирањето, да се направи не-p доминантен член на парот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А ова значи дека парот (p, не-p), во извесна смисла, обезбедува поткрепувачка структура за текстот. (Се разбира, можат да постојат други парови кои обезбедуваат други аспекти на структурата.) Но членовите на парот не се на рамна нога.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Можеби предвоениот доктор во извесна смисла имаше и право: ако не си признаваше во себе дека тоа му е еден вид одмазда што го послушал да студира медицина, на Миха психијатријата сепак му беше на некој начин бегство од неа (небаре зазор од ѕвекот на коските кај анимираниот костур) или барем дистанцирање од нејзините основни и директни дисциплини.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Неговите изложби стануваа сѐ побогати, посетителите побројни, а посмелите од младите ликовни критичари сѐ подарежливи во своите пофалби; така што Гого почна да се занесува со замислата за една голема, во извесна смисла ретроспективна ама и репрезентативна изложба, во која ќе ги покаже на едно место најуспешните платна од својот дотогашен развој.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Ти треба чувар на сонот, соночувар?  - Во извесна смисла, да.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Едноставно речено, реди-мејд е некој предмет извлечен од контекстот, кој во извесна смисла е конвенционален, а преместен во нов и поинаков контекст, тој радикално ја менува својата функција.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Лесната читливост и масовната рецепција на Ќосиќевата лектира ги натера неговите литерарни опоненти да го наречат, не без идеолошка сенка, „социјалистичкиот Јаков Игњатовиќ“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Додаваме дека Добрица Ќосиќ во извесна смисла е голем српски писател, можеби и татко на „националистичкиот Билдунгсроман“, чиј плебејски гениј не се исцрпува во јазичко-создавачката сила на неговата проза.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ако можеме да судиме според содржината на поштенската картичка што му ја испратил на францускиот колекционер, моден креатор и библиофил Жак Дузе, неговите први впечатоци за Венеција не биле баш најповолни.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
„Не го разбирам овој град“, пишува тој, „каде што сѐ патува освен гулабите.“ (1) Околу 67 години подоцна, со отворањето на големата изложба на неговите дела во Палацо Граси на Гранд Канал, Дишан - во извесна смисла - се врати во Венеција.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
На почетокот тоа ништо не ми значеше, дури, во извесна смисла го сфаќав и како еден вид понижување, како одмазда која ми ја смислил Јан Лудвик; но по извесно време почнав да тонам во некакви непознати длабочини; мислев дека ќе се онесвестам, оти пред мене почна да се јавува некаква непозната светлина.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во извесна смисла, се чувствував понижен и отфрлен од сите: не учествував во нивниот обред кој ме возбудуваше и ме примамуваше; не пеев дури ни народна песна; не играв оро; не читав патриотски рецитации; јас бев паузата на нивниот обред, обичен кловн што, искачувајќи се по скалите потпрени на небото нема никакви докази за неверството на својата Петрунела. ***
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Без таа отуѓена перспектива, тие општествени облици би важеле за очигледни, за природни – односно, би останале невидливи, а обликот на нашето постоење би ни бегал. ‌И каква тоа духовна слобода би оствариле хетеросексуалците без благодатот на оттргнатата, отуѓена перспектива за нивниот свет и за неговите натурализирани вредности која им ја овозможува машката геј-поткултура – сега кога веќе не е тајна?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сексуалната различност и дисидентност веројатно може да биде појдовната точка за покатегорично, посвесно, попрагматично застранување од природата и од сѐ што во општествениот свет важи за природно. ‌„Секогаш кога говорот или движењето или однесувањето или предметите покажуваат извесно застранување од најдиректниот, најполезниот, најмрзеливиот начин на изразување или суштествување во светот“, напишала Сузан Зонтаг пред речиси педесет години, „можеме да сметаме дека имаат ‘стил’“.473 Без стил или облик, нема такво нешто како култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Свесната свест на (некои) геј-мажи самата е суштина на тој клинамен, на тој отклон од привлечната тежа на очигледното, на начинот какви што се работите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Застранувањето“ на Зонтаг е токму основата за култура, тогаш – нејзин изворник и нејзина дефиниција.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Овие занимања... јасно ги обележува камп-сензибилитетот: тие се стил поради стилот, немаат „сериозна“ содржина (фризурата нема „врска“ со ништо), немаат практична примена (само се фини), а формите со кои се зафаќаат ја нагласуваат препреденоста.211 За Зонтаг, токму во оваа склоност на кампот да ја истргне формата на нешто од неговата содржина и со тоа да го преобрази „сериозното во тривијално“ има „тежина“.212 И, во извесна смисла, има право.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Само отстапувањето од зададеното може да создаде култура и да го даде растојанието и оттргнатото промислување кои се нужни за културна дејност. ‌Во извесна смисла, хомосексуалноста е култура. ‌И ете зошто му требаме на општеството. ‌Каде би биле без пронигбите, без безобразлукот, без нетрогнатата критичка интелигенција што ја дава геј-поткултурата?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
103. Се работи за отцепничкиот ВМОК на чело со Хр.Станишев што во извесна смисла се поддржуваше и од ЦК на ТМОРО.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Можеби проблемот на женската философија се уште не е потполно сфатен во една извесна смисла, бидејќи не постои едно „ние“ (и можеби никогаш и нема да постои ) за да определува што тоа самото е.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
МЛАДИЧОТ: Да. Тој. Во извесна смисла јас нему му го должам животов.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Тогаш врагот, кој дотогаш, закачен со опашката за катарката, висеше со главата надолу и, невидлив, гледаше што се случува на бродот, веднаш го зеде ликот на тој човек.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дури и ако не се точни, тие во извесна смисла можат да бидат неверојатно близу до вистината.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Николај Василевич ГОГОЉ (1809, Сорочинти – 1852, Москва), Русија. Руски писател.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Но не, си рече Акакиј Акакиевич, со Петрович сега не може да се расправа: тој е сега онака... жена му, очигледно, во извесна смисла го изнатепала.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Едгар Алан По бил хиперсензибилна и, во извесна смисла, емотивно комплексна личност.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во извесна смисла Вие сте во право.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Секоја генерација беше во извесна смисла повторувач во балканската историја, осудена сизифовски на нов почеток, постојано со атавистичкото прашање кој беше виновен!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Израелската инвазија во Либан во јуни 1982 година според Арафат во извесна смисла беше впишана во договорите во Кемп Дејвид.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој престана да зборува за една палестинска татковина (homeland) за да го обнови палестинскиот договор во Јордан и во Газа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Овој клучен парадокс генерираше други, непредвидливи, со кои требаше да се живее животот, да се совладуваат противречностите кои најчесто ги следеа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Значи, и ова село, како и многуте во државата, ветуваше поет во извесна смисла на свој начин револуционерен, современ, иден, во песната се раскажуваше што се случува по плевните, во мракот, на слама.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но јасно беше, исто така, дека зголемувањето на богатството се заканува со уништување - и во извесна смисла навистина беше уништено - на хиерархиското општество.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во извесна смисла таа не му кажа ништо ново, но токму тоа беше дел од привлечноста.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во извесна смисла тоа беше подлабоко од пријателство, тие беа интимни: некаде постоеше место на кое можеа да се сретнат и да разговараат, иако вистинските зборови можеби никогаш нема да бидат изговорени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сонот беше исто така опфатен - во извесна смисла и содржан - во едно движење на раката што го направи мајка му, а го повтори триесет години подоцна онаа Еврејка што ја беше видел во филмскиот журнал, додека се обидуваше да го заштити детенцето од куршумите, пред да бидат и двајцата разнесени на парчиња од бомбите фрлени од хеликоптерите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Освен тоа, во извесна смисла тоа беше вистина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Партиските истории можеа во извесна смисла да бидат вистинити, можеа дури да бидат и сосем вистинити.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во извесна смисла таа беше далеку поостроумна од Винстон и помалку подложна на партиската пропаганда.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тие го имаат точно истиот “скелет”, во извесна смисла.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Се сеќаваше уште на зборовите на Игор Лозински, кои речиси за душа му се залепија, му беа блиски небаре се работеше за неговиот живот: ,,Ние силно страдавме, можеби страдањето во извесна смисла е слабост, но во друга возвишена смисла е храброст.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во извесна смисла отсекогаш било штета што заспиваш тешко спиеш кратко. Што денот ти е премногу долг.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Во извесна смисла, нашата среќа беше толку голема што не бевме во состојба да ја поднесуваме.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Во извесна смисла „француска градина“: букет згради врзан со панделка.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Мислам дека кога би биле на месечината и би ја наслушнувале земјата, би било тешко да се разликува Филип Глас и популарната музика, во извесна смисла.  Б: И Тери Рајли.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Сексуалноста, пак, во извесна смисла, е надмината како начин на изразување - иако на сите страни се мавта со неа, таа веќе нема кога да се материјализира во човечки и љубовни односи, туку се распрскува во промискуитетот на изделени моменти, во мноштво на краткотрајни контакти.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Додека сите три наводи го споменуваат Тот, и сите три, во извесна смисла, однапред укажуваат на логиката на надоместување, нивниот след ја отелотворува самата таа логика.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Наводот од „Паскаловата сфера“ упатува на митското потекло на пишува­ њето, на основањето на Александриската библиотека.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Книгите на вашиот татко, клучевите и огледалото на вашата мајка се здобиле во извесна смисла со жива душа со оглед на вредноста што овие книги, овие клучеви и ова огледало ја имале за нив.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Имам уште многу работи да ви кажам за тоа што го прочитав.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Среде толкавата некохерентност и немирот од кои е често сочинета егзистенцијата, како да не се остане восхитен од фактот дека токму тој бил воден по непредвидливите патишта за да го преведува ова дело, небаре бил во извесна смисла еден вид член духовно приврзан на ова семејство?
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И такво какво што го опишувате самото езеро што еден од вашите браќа го слика на ѕидот во вашиот нов дом крај реката Вардар во Скопје, се чини дека е обид да се оживее душата на езерото во новата татковина; и во истовреме, според нивните сугестии и коментари, се чувствува дека сите кои учествуваат во создавањето на новата фреска на ѕидот сакаат да ја видат во ова езеро татковината на нивната душа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Елен Лејбовиц Ce 19 juin 2001 Monsieur, Il me serait реut-trе difficile maintenant de retrouver ce passage, car je ne sais plus dans lequel de vos trois livres il se trouve. Il ѕаgit dun рiѕоdе de votre enfance о vous demandez votre mrе ce quеѕt lmе. Elle tente alors de vous expliquer ce dont aucune parole ne peut vraiment rendre compte, tandis que votre рrе соutе sans intеrvеnir Арrѕ avoir lu les deux textes que vous mаvеz еnvоуѕ, cet рiѕоdе mеѕt revenu en mmоirе comme ѕil mарраrаiѕѕаit soudain que lоriginе de votre besoin dсrirе, tаit реut-trе rechercher l. Tous vos rсitѕ ne seraient alors quunе tentative de trouver des rроnѕеѕ cette question роѕе votre mrе: quеѕt-се que lmе? Et mmе si vous ne sauriez pas non plus trѕ bien comment la dfinir, vous assurez de toutes les mаnirеѕ possibles quеllе existe. Les livres de votre рrе, les сlѕ et le miroir de votre mrе ont en quelque sorte rеu une mе vivante du fait de la valeur que ces livres, ces сlѕ et ce miroir rерrѕеntаiеnt pour eux. Puis, avec le temps ces objets que vous роѕѕdеz реut-trе encore, semblent trе devenus pour vous les dроѕitаirеѕ de lmе de vos parents, au point que сеѕt en eux quil vous arrive de la chercher. Et tel que vous le dсrivеz mmе le lac que votre frrе rерrѕеntе sur un mur de votre nouvelle demeure semble trе une tentative de faire vivre lmе de ce lac dans une nouvelle patrie; et en mmе temps, par la suggestion et les commentaires quilѕ font, on sent que tous ceux qui assistent llаbоrаtiоn de cette fresque veulent voir rерrѕеntеr dans ce lac une partie de leur mе. Ainsi, реut-trе, lеffrоi qui vous a saisi devant le Muѕе de lаthiѕmе avait-il moins pour cause le fait que cette doctrine nie comme son nom lindiquе lехiѕtеnсе de Dieu (арrѕ tout, mmе parmi les croyants, qui peut vraiment dire ce quil entend par existence de Dieu?) que sa vоlоnt de nier lехiѕtеnсе de lmе. Or, cette existence de lmе, il serait mmе insuffisant de dire que vous avez besoin dу croire, car ce que vous exprimez dans vos textes est plus quunе croyance, сеѕt une certitude nе dunе ехрriеnсе, tellement vous est familier ce dialogue avec un principe spirituel qui survit lаbаndоn fоrс dunе patrie ainsi qu la ѕраrаtiоn dаvес les trеѕ et les objets autour desquels ѕеѕt construite votre vie. Voila les bries de реnѕе qui me sont раѕѕеѕ par la ttе et que јаi tellement de diffiсultѕ exprimer. En effet, il nеѕt pas dans mes habitudes de formuler clairement dans un discours construit une suite dimрrеѕѕiоnѕ fugitives comme celles qui me viennent la lecture de vos livres. Hlnе Lejbowicz 22 јуни 2001 г.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Не ми припаѓа мене да судам за една издавачка политика.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Или во друг случај, би требало да има чудовиште на чело на земјата (од видот на Енвер Хоџа, Чаушеску, Милошевиќ итн.) и тогаш да го проектираат писателот пред сцената како порt-парол, во извесна смисла, на жртвите на чудовиштето.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но, во извесна смисла, суштествата кои живеат во реалниот свет мораат да бидат „комплетни”.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Во април 1906 година во Еди-куле пристигнале две групи затвореници кои во извесна смисла се разликувале од другите.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)