„Брат ми е толку долго мртов, така што сѐ потешко можам да се сетам на неговиот лик.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Таа вечер П го измачуваше несоница. За да му стежнат клепките си го гледаше сиот свој изминат живот.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
„Тоа е сѐ што имам од мојот изминат живот.“ Ги врати фотографиите во џебот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И години со ред се надеваше дека еден ден ќе му тргне, но...овде ги стегна Аргир силно капаците на очите и уште подлабоко проникна во својот изминат живот. Каде не скитал, што сѐ не ѕидал?!
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Дали токму ваквите збунувачки размисли што не знам од каде наидоа утринава, ја спречија твојата насмевка да се појави на моето лице?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Или пак имаше намера да ми ја наметнеш дилемата каде да ја барам вистината: во твојот изминат живот, или во онаа неочекувана тажаленка во врска со планинските беспаќа, понудувајќи ми ја токму во еден таков необичен вид прекрасната можност но и одговорност самиот да избирам?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)