интерен (прид.) - медицина (имн.)

Не штедеше пари за науката, изнакупува многу книги по интерна медицина од познати светски професори.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
- Разговарав, Мајко, со лекарите. И со мојот професор по интерна медицина.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Додека таа се смируваше во прегратките на синот, тој рече: - Мајко, ти знаеше добро, како што веќе рекоа и лекарите, а посебно професорот по интерна медицина, дека од оваа болест нема оздравување, но таа може да се контролира и да се живее долго со неа.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Се сеќавам кога како возрасен човек, женет, со две деца, дома почна со исцрпувачко учење за специјализација по интерна медицина.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
На прегледот присуствувал и професорот по интерна медицина.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)