Одвај забележлив, некаде под тревата исплашено и испрекинато се одгласи цвркот на штурец.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Со компирите што му останаа ја нахрани Стрела, која, сѐ уште исплашена и истоштена, лежеше крај огништето.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ја гледаше, сета крвава, исплашена и мирна и ја пожали заради тој мир.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Кога од некое мртво дрво писнал був, од водата на мочуриштето излегле жаби со рокчиња и ги облазиле злодеите, па наутро, под сонце, имале што да видат: од носот до ножните прсти се посипале со красти.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Такви, исплашени и грди, стасале некако во Кукулино.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Оној што предложил да се вратат, да му се покорат на претскажувањето, можел од помладите да биде закопан со мртвиот: сам нека се врати, со ластегарка ќе му помогнат да побрза.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Згрешив, се повлекол тој; се викал Јован Стојче-Стоилков и бил исплашен и беден; како да се родил на друг свет.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сѐ е исплашено и вика, вреска, бега.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)