И кога повторно го крена семејството на нозе, неговите синови пораснати, и можеби моќни како тој во младоста во Цариград, му понудија со малиот фиат 750, купен со заеднички средства, произведен во Југославија, според италијанска лиценца, да го одведат во Турција, тој со блага насмевка која освојуваше, само им рече:
Синови мои, зар да се вратам како ритач во градот кај што можев да бидам господар!
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)