италијански (прид.) - напад (имн.)

Ја бранеа добро границата, излегуваа на крај со италијанските напади во таа рана пролет, што опснежуваше, се гонеа по спиндилиите на Албанската граница во тој април, но наеднаш станаа свесни дека веднаш во нивниот тил се веќе германските тенкови и дека тие продолжувале сето време да бранат една земја, која била прегазена одамна пред тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сето тоа било причина балканските држави да ги забрзаат преговорите за склучување на сојуз.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Поттик за зближување на балканските држави биле италијанските напади на османлиските поседи во Либија (триполитанска војна 1911) и османлиската ангажираност во војната, а посебно поддршката која Австроунгарската дипломатија и ги давала на Албанците за формирање на албанска држава на сметка на соседните балкански држави.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)