Бучи огромна, нескротена и разјарена и, удирајќи на карпестите брегови, ги влече распенетите и бистри води.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Самотија. Питомина и тишина. Одвај чујно, туку-речи, лижејќи го карпестиот брег, плискаат езерските бранови.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Па кога наредната есен надојде реката, не можеше да го пробие насипот и го сврте својот тек кон карпестиот брег.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Со загадочна насмевка се провлекуваше низ блутникавите рефрени и распашани подвриснувања и оставајќи ги се спушти до солениот, карпест брег, со поглед закован врз смиреното море, над кое трепетливо испаруваше Месечевиот бакнеж.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
“ Е, тој Велко, се сеќавам како дете, фатил едно лето да забива колје, да трупа камења, да прави насип и да ја свртува реката кон карпестиот брег од спротива.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
И таму, седнат над карпестиот брег, и јас ја барав мојата Итака.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)