И шпанските муслимани биле насилно преобраќани во католици: тоа е историјата на мориските (les morisques), додека триста илјади муслимани во почетокот на XVII век биле прогонети од Шпанија.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во споредбена, балканска перспектива, ми се нудеа и искуствата на конверзиите, како последица кога католичките кралеви, Изабел и Фердинанд го потпишуваат декретот според кој Евреите требаше или да се конвертираат или да заминат.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Шпанската историја ја проучуваше пред да замине со доброволните антифашистички бригади, но и ги почувствува нејзините најтрагични моменти и затоа тој се надоврза на Татковото кажување: Волјата за религиозна христијанска унификација ќе се почувствува по крајот на муслиманска Шпанија, кога во 1492 година, католичките кралеви, стигнувајќи во Гранада, ќе ги прогонуваат Евреите, со исклучок на тие што ќе го прифатат преобраќањето во христијанството. Тоа е историјата на мараните.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)