кинески (прид.) - кутија (имн.)

(Превод од српски Љ.Б.) * Текстот „Кинеската кутија на Димитар Башевски“ првпат е објавен како поговор на изданието на Бунар на српски јазик, издавач Архипелаг, Београд, 2010.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Бунар е обликуван како кинеска кутија која содржи сѐ уште неоткриени прегради и веројатно уште по некое дупло дно, скриено до следниот обид за толкување на овој повеќезначен роман во кој можните комбинации на прашања и одговори со оглед на доминантните мотиви на сомнеж, на гласови на кои не е можно со сигурност да се потпреш, на паралелните наративни текови, се наизглед неисцрпни во мера во која овој роман може да го понесе епитетот на отворено дело без дефинитивни вистини и конечен, смирувачки крај.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)