Книжевната теорија овој поим го презела од нордиската јазична и културна традиција, каде што со него се означуваат нештата кои изворно опстојуваат во различните преданија, фамилијарни или национални, а се чуваат така што постојано се кажуваат односно раскажуваат.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Токму во кафеана, белградската „Москва“, при простувањето со учесниците на симпозиумот за современите книжевни теории, на масата, покрај филџаните, чашите, книгите и пепелникот, се најде и еден паричник.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Не знам треба ли тоа домашно воспитание да го детерминирам како патријархално (типично балканско...) и да го појаснувам најпрвин преку вашиот фамилијарен егзилантско-емигрантски фатум, кој нели неминовно ве упатувал едни кон други, бидејќи само така сте можеле ем да се чувствувате колку-толку безбедни, ем да опстанете во пустите туѓи куќи, туѓи јазици, туѓи градови (улици, институции, инстанци...) што везден сте морале да ги (п)освојувате...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Тие настани најчесто се селектираат така што преку нив треба да се бележи севкупната судбина на едно семејство, што служи како пример за начин на живеење во рамките на животот на еден цел народ (Solar, 2006: 262).
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)