Ајде, нека има и кај нас еден маж без мустаќи, само срцето нека е машко, та мустаќите ни помагаат, ни пречат, — се нашакува задоволен Толе и ја зачисли својата светијованка Митра во својата чета како Мише Ќосото и го продолжи комитскиот живот во нејзина близина.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Море, в'кот домаќин и Толе поправен, токо нема каде.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Шаќир и Ѓуро удрија на шаки и смев, спомнувајќи си некои приклученија од комитскиот живот, а особено за Толевите односи кон жените.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Направи забелешка Шаќир кога Толе почна често да се одделува од четниците само со Ќосото.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)