Османскиот парламент бил распуштен од Султанот, конзервативниот политичар Дамат Ферит, верен пријател на Англија, лесно доаѓа на врвот на власта и објавува судско гонење на тогашните државници, наводно одговорни за стапување во војна на Империјата, на страна на Германија.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
84. Додека сѐ уште чадеа илинденските пожари, бугарската влада навистина побрза да го испрати конзервативниот политичар и државник, туркофил и русофоб Григор Начович (1845-1920) во Цариград за да се погаѓа со Турција за правата на „Бугарите” во Македонија, а не да им дозволи на Македонците самите да се појават како фактор на преговарачката маса за сопствените интереси.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)