Одложувањето изразуваше детско неверување, надеж дека војната е само кошмарен сон кој изутрина ќе исчезне како никогаш да не бил.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
А пак јас, одненадеж разбуден си го заборавив кошмарниот сон...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Во прво време и таа поверува во гласините што се ширеа меѓу Евреите на Солун, дека маж ѝ е затворен таму, дури и некое време по добивањето на неговата штура картичка од Виена од која со сигурност единствено можеше да утврди дека е жив.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
- Добив, - продолжи Долгиот - добив кошмарни соништа.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Во таа соба на човечки немири, во тоа катче со две лоши слики на ѕидот, со маса, стол, кревет, челична каса и неколку стари и мешлести кофери, лазеа по подот проѕирни сеништа, чеда на еден страв и еден кошмарен сон, лазеа вешто и бесшумно и ја чекаа својата жртва, Стојана Ванков, тој несигурен кораб без свој пристан.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Потоа погледот ѝ паѓа на карт-посталот со ракописот на маж ѝ, и како и секое утро, откако ќе утврди дека децата спијат, наместо кошмарниот сон, ја реконструира приказната на нејзиниот живот, особено нејзините последни неколку години.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)