краен (прид.) - решение (имн.)

Секако, ова крајно решение се користи само ако нормалната социјална и хемиска лоботомија не успеале да ѝ „помогнат“ на жртвата.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Уште една чкртка со моливот за естетика чекаше да се соберат сите форензични податоци и да го покажат крајното решение.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Секако би било наивно да се очекува дека ќе следува политичко смирување со овие мерки и мора искрено да се признае дека овој начин, кој можеби е единствено остварлив, имајќи ја предвид политичката ситуација, тој секако не го дава крајното решение ниту за македонскиот ниту за балканските проблеми".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И покрај набележаните солуции, експертите на крајот заклучиле дека "балканската ситуација вклучува и такви непредвидливи фактори... така што е можно и друго практично решение, кое во моментов не може да се предвиди".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)