Тој може, да се послужам со бродвејскиот пример на Клам, да има посебна склоност кон чувствителност или емоционален набој или лични облици на израз – вредности што добро се вклопуваат во песните што прагматиката на музичкиот жанр конвенционално ги става во поджанрот на песните што ги пеат жени.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Можеби ќе излезе дека геј-женственоста се состои од културна идентификација со одредени обродени начини на чувствување и на изразување или од привлеченост кон нив, како и од одбивност кон други.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Една цел на испитувањето на овие прашања е да му се пристапи на геј- идентитетот од гледиште на социјалните практики и на културните идентификации, наместо од гледиште на самата геј- сексуалност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Со други зборови, диференцијалното родово исцртување на сѐ и сешто, почнувајќи од машките и женските песни во бродвејските мјузикли, па до изразните жанрови и стилови што ги викаме трагедија и мелодрама, создава културен крајолик во кој голем број емоционални и дискурзивни практики се кодираат како мажественост и женственост.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Штом ќе се изместат од задолжителната, конвенционална мажествена позиционираност која им се должи на тоа што имаат истополова желба, машките геј-субјекти развиваат нетипични родови идентитети преку изнаоѓање различни видови дисидентски односи кон стандардните родови вредности што се врзуваат со културните облици.
Ајде да разгледаме еден претставителен, навистина прочуен пример.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)