културен (прид.) - код (имн.)

Машката геј-култура се решава – добро, баш и нема некој избор, но вади најмногу што може од една лоша ситуација – да си ги смести приврзаниците во општествена и емоционална положба што еден сложен сплет од испреплетени културни кодови и естетски практики ја означил како место на мелодрамата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А потоа се труди да ја сврти таа положба во своја корист. ‌Зашто геј-мажите, како прво, горе-долу нема што многу да се плашат од дисквалификациите што ѝ се лепат на мелодрамата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ова укажува дека женствената идентификација на геј-мажите е повеќе отколку определениот резултат на одигрувањето на хетеронормативната улога што ги координира родот и изборот на сексуалниот објект.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како геј-мажи што јавно си ги оплакуваат пријателите или партнерите, италијанските вдовици знаеле дека емоциите што ги чувствувале и ги покажувале нужно им биле предодредени од конвенционални културни кодови да спаѓаат во доменот на непримереното, на претераното, на мелодраматичното, на хистеричното, на неавтентичното – во секој случај, на нешто што е далеку од сосема достоинственото.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа одразува една поширока културна логика со која родовите практики ја поврзуваат женственоста со посебни облици на изразување и голем сплет културни вредности.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Женствената идентификација“ е поим со кој јазикот на психологијата се служи за да го опише она што обично е конкретен општествен процес на позиционирање на себеси во рамките на склоп од културни кодови што дефинираат множество од емоционални и афективни улоги, ставови и практики од личниот живот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како што пред извесно време нѐ потсети Стјуарт Хол, „идеологијата како општествена практика се состои од ‘субјектот’ што се позиционира во конкретниот комплекс, во објектификуваното поле на дискурси и кодови што нему му се на располагање во јазикот и во културата во даденa историска конјунктура“.368 Па кога машките субјекти кои пожелуваат мажи ќе заземат женствена позиција, тие можеби не ѝ подлегнуваат толку на неумоливата сила на некој крут склоп од општествени норми – на општествената логика на хетеронормативноста – колку што можеби гравитираат кон извесни афективни и дискурзивни можности што веќе постојат во пошироката култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-мажите, најпосле, се исклучени од високата сериозност на трагедијата.311 За нас нема место во нејзиниот егзистенцијален јад – иако мораме да се носиме со штетноста на културната надмоќ на жанрот, што значи дека неизбежно мораме да создаваме (дисидентски) однос кон неговата прагматика, вклучително и кон општествените и емоционалните конвенции, вредносните хиерархии и структурите на чувствување што трагичниот жанр ги мобилизира и ги зајакнува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Токму сиот тој културен систем на родот, на моќта и на жанрот, политиката на емоцијата што тој ја создава и ја одржува, како и разликите во положбата, класата и статусот што се втемелени врз него се она што се обидов да го опишам во претходното поглавје. ‌Машката геј-култура, обележана со преземањето на женските мелодрами како Милдред Пирс, може да се сфати како инстинктивен одговор на тој систем и како стратегија за отпор кон вредностите што ги крепи.312 Тоа е значењето на мелодрамата како геј-стил.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)