Целта е веќе антифеминистичкиот модел на женственоста создаден од хетеронормативниот поредок и промовиран од неговата идеологија за родот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Исходот, кој можеби не е секогаш намерен и посакуван, е експлозија на тој културен симболизам – поткопување на неговата моќ и на неговиот авторитет, нагризување на неговата тржествена угледност и подривање на неговата наводна разумност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во повеќето верзии на кампскиот хумор, на пример, самите жени не се тие што предизвикуваат радост (или завист, восхит), туку тоа се современите културни конструкции на женственото – женственоста во својата изведбена димензија, женственоста како општествен театар.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Голем број машки геј-културни практики во кои има женски геј-ликови, всушност, воопшто немаат никаква врска со жените.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Исто како што геј-женственоста честопати се состои од културни практики (обожавање диви или реставрација на архитектурата) кои се општествено обележани како женствени, но кои немаат врска со женственоста што ја отелотворуваат самите жени, така и уживањето на машката геј-култура во гротескните верзии на женственоста не подразбира презир и непријателство кон вистинските жени.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зашто женственоста, како што ја замислило нашето општество, појасно си ги открива крајната некохерентност, крајната претераност и крајната апсурдност кога ја отелотворуваат и ја изведуваат мажите отколку кога ја отелотворуваат и ја изведуваат жените.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но таа оди и подалеку и ја покажува лудата екстравагантност на нашите културни конструкции за женственото.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Третирајќи ги женствените идентитети како улоги наместо како суштини, како општествени изведби наместо како природни состојби, геј-културата им ги загрозува достоинственоста и легитимитетот и, со тоа, им го слабее правото од нас да изискуваат верба.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)