Не е ни чудно што поновата теорија многу повеќе се занимавала со поп-културната продукција од стриктно уметничката: Барт се бавеше со реклами, Еко со Казабланка и со популарните стрипови, Жижек се бави со Хичкок, Џејмсон со Дејвид Линч, мнозина теоретичари се бават со популарната музика итн.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Причината за ова се ригидните дистинкции што во критиката на ликовните уметности се воведени под закрила на модернизмот: разликувањето на високото и ниското, културниот песимизам и оптимизам, „апокалиптичарите“ и „интегрираните“ (како што тоа го нарекува Еко) итн.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Ширењето на културниот песимизам и чувството на бесмисленост на животот како апсурден мораме да му го припишеме на споменатиот преврат што го изведе формалниот ум.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Ширењето на културниот песимизам и чувствувањето на животот како апсурден мораме пак да го сведеме на споменатиот пресврт, што го бара формалниот ум.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)