културен (прид.) - полетен (имн.)

Поддржуваше голема комерцијална инфраструктура, во која спаѓаа не само баровите, бањите и другите својствени сексуални институции туку и локален, месно заснован печат и други облици на комуникација,441 сосе книжарници и кафетерии.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Најпосле, таа создаде геј-заедници ослободени од надзорот на стрејт-светот, каде што можеше да дојде до нови видови колективно промислување, кревање свест, културна полетност и себеустројување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа создаде двигателска подлога за политичко геј-движење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Енклавите Кастро, Фолсом и Полк Стрит во Сан Франциско не беа населени со типови што чекале да се отвори работно место во некоја центарска адвокатска канцеларија или на Универзитетот на Калифорнија во Беркли (иако имаше таму и многу правници и професори).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа ја создаде онаа масовна јавност која е суштинска за да се поткрепи културна сцена што е во процут и да се вдахнови постојан политички вриеж.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)