Токму сиот тој културен систем на родот, на моќта и на жанрот, политиката на емоцијата што тој ја создава и ја одржува, како и разликите во положбата, класата и статусот што се втемелени врз него се она што се обидов да го опишам во претходното поглавје.
Машката геј-култура, обележана со преземањето на женските мелодрами како Милдред Пирс, може да се сфати како инстинктивен одговор на тој систем и како стратегија за отпор кон вредностите што ги крепи.312 Тоа е значењето на мелодрамата како геј-стил.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Геј-мажите, најпосле, се исклучени од високата сериозност на трагедијата.311 За нас нема место во нејзиниот егзистенцијален јад – иако мораме да се носиме со штетноста на културната надмоќ на жанрот, што значи дека неизбежно мораме да создаваме (дисидентски) однос кон неговата прагматика, вклучително и кон општествените и емоционалните конвенции, вредносните хиерархии и структурите на чувствување што трагичниот жанр ги мобилизира и ги зајакнува.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Секој народ има сопствен културен систем кој се пренесува како традиција и се чува.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Напротив, тоа било... животна улога.
На тој начин Најмила мамичке ретроспективно внесува во Милдред Пирс елемент на неавтентичност што веќе е имплицитна во драматичната поставка, во одигрувањето, во општествениот израз и во јавната изведба на секоја страсна емоција.
14 ОД ТРАГЕДИЈА ВО МЕЛОДРАМА
Емоционалната неавтентичност може да биде погубна за трагедијата, но таа не ѝ штети на мелодрамата, а не ги упропастува самодоживувањето и културата на геј-мажите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Машката геј-култура се решава – добро, баш и нема некој избор, но вади најмногу што може од една лоша ситуација – да си ги смести приврзаниците во општествена и емоционална положба што еден сложен сплет од испреплетени културни кодови и естетски практики ја означил како место на мелодрамата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Посткомунистичките жени исто така се соочуваат со прашањето дали конзервативните трендови во однос на жените во посткомунизмот се израз на еден патријархален културен систем кој му претходеше на комунизмот но беше држен под контрола од страна на марксистичкиот систем, или дали тие се резултат на самиот марксистички систем.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)