Камилски потоа утврди дека од урбаните средини влијанието се распространува и во руралните предели каде што турските лексички елементи ќе влегуваат од втора рака, но и натаму дури и до денешни дни ќе се чувствува нивното присуство и влијание.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Заемката која преживуваше во неколку балкански јазици, со мали и незначителни модификации кои се должеа повеќе на природата на новиот јазик, според Камилски, филозофски речено може да биде и pierre d` achoppement, камен на сопнување, односно повод за дебата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И затоа голем број лексички заемки од турскиот јазик се најмногу во врска со урбаниот јазик.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И за Камилски, со текот на времето, помалку беа важни турцизмите како лексички заемки, отколку дебатата со Татко за нивната генеза и судбина.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)