Камилски имаше уште многу да каже за поимот аир, имаше многу белешки пред него, но, сепак, реши да го заклучи своето излагање со уште една изведенка од зборот: Во балканските јазици е мошне често употребувана изведенката аирлија со значење со среќа.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој, како и Татко, автодидакт во лингвистиката, по свој пат доаѓаа до сознанието од науката за постоењето на балканскиот лингвистички сојуз, до кој не беше дојдено со некаква присила или мировен договор, туку според логиката на долготрајниот соживот на балканските народи со различни јазици, вери, националности, обичаи.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)