Начинот за побивање на обвинувањето дека литературната теорија, или деконструкцијата, е „несвесна за општествената и историската реалност“ е инсистирањето дека „востановувањето на објектите од страна на дискурсот“ постојано спласнува, и дека „почитта кон реалноста“ (општествената и историската, астрофизичката, или кој и да е друг вид на реалност) е само почит кон минатиот јазик, минатите начини на опишување на она што „навистина“ се случува.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Најинтересно прашање за феминизмот околу корисноста на деконструкцијата е дали, откако Ниче, Дјуи, Дерида, наполно нѐ убедија дека не постои ништо „природно“ или „научно“ или „објективно“ за која и да е дадена маскулинистичка практика или опис, и дека сите објекти (неутрони, столови, жени, мажи, литературна теорија, феминизам) се општествени градби, дали постои какво и да е понатамошно потпомагање кое што деконструкцијата може да го понуди во одлучувањето кои градби да се задржат а кои да се заменат, или во пронаоѓањето на супституенти за последните. Јас се сомневам дека постои.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)