Оние, што би сакале подолго да размислуваат за оваа паралела, ги упатуваме на делото на Hock посветено на маниризмот, Die Welt as Labyrinth, на француски преведено под малку воздржан наслов Лавиринтот на фантастичната уметност. (7) Ќе додадеме, за да му вметнеме одредена вредност на споредувањето кое овде ќе се обидеме да го спроведеме, дека откривањето на вистинскиот лик на Leonardo da Vinci не случајно се одвиваше кон крајот на минатиот век, токму во годините кога Marcel Duchamp го бараше својот личен пат, по кој наскоро и тргна.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)