Закинтос е единствената еврејска енклава за време на холокаустот, која праведниците успеаја да ја спасат од првиот до последниот човек.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Неа им ја овозможија оние што во срцето, до границите на личната саможртва, ги негуваа и ги одбранија двата идеала, човекољубивоста и божествената праведност.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Изразувајќи недоверба во можноста на Револуционерната организација да дигне општо востание и да постигне некакви резултати, гемиџиите редовно ги истакнувале тешките последици за населението од предизвикувањето на едно недоволно подготвено востание, сметајќи дека со нивната лична саможртва и без учество на широките народни маси ќе се постигне повеќе.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)