Единствено командантот на ГШ на НОВ и ПО на Македонија Михаило Апостолски останал на теренот “да раководи со локалната ситуација’, а Светозар Вукмановиќ, британската мисија и придружбата од триесет партизани заминале ноќта на 9 октомври.98 На 10 октомври 1943 година по четиринаесетчасовен марш групата предводена од Светозар Вукмановиќ пристигнала во Дебар.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)