Во играта има два натпреварувачи, елитата и масата.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во секој странски или домашен филм може да се види, помалку-повеќе, некоја позната или “од-сега-ќе- биде-позната” марка.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Значи, воопшто не е лоша идеја, ако имате производ кому му е потребна промоција, малку да се свртите околу себе и да се распрашате дали моментно нешто се снима.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
- Не ти е лоша идејава. Ама шо ќе праам у Пехчево бе брат - ме праша зачудено.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Не му е лоша идејата на Огне за колачи во „Канела”, си помислив.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Од кога не сум ја видела Јана! – се сетив во истиот миг – би било добро да ја викнам да одиграме една партија кошарка.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
„Тоа не е лоша идеја”, рече Дејв. „Ќе отидам.”
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Да се земе било што од ова е лоша идеја, но Херман не го кажува тоа така.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Херман тврди дека може интуитивно да одреди кој на што е.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
На тој начин, ако е потребно, таа ќе може да му каже на својот партнер да не ја земаат таблетата а тој да не се чувствува како кукавица - туку само како опседнат маж како и сите други, сознание со кое е полесно да се живее.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
- Не ти е лоша идејата, - се согласи тој.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Можеш дури некоја од твоите другарки да почестиш и в слаткарница. Ни тоа не е лоша идеја.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)