На територијата на Македонија од страна на СОЕ, до крајот на војната биле испратни следниве мисии: Abbeville, Bethesda, Brasenose, Conserve, Monkeywrench, Spike i Perseverance кои биле распоредени во македонските единици.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Политичкото и военото раководење за Источна и Северна Македонија и задачата за обединување на дејствата на српските, косовските и македонските единици на територијата на Куманово-Крива Паланка-Врање-Црна Трава-Лужница му била доделена на ЦК на КПМ, Главниот штаб и делегатот на НОВ и ПО на Југославија, Светозар Вукмановиќ-Темпо.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Капитулацијата на фашистичка Италија и разоружувањето на италијанската девизија “Фиренца“ овозможи македонските единици да дојдат до поголемо количество на оружје, муниција и разна опрема.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
На територијата на Македонија двете мисии пристигнале во периодот кога македонските единици го ослободиле Кичево и неговото преземање од страна на германско-балистичките единици на 2 октомври 1943 година.95 На 8 октомври 1943 година, како што известува капетанот Ламби била добиена веста дека Кичево било преземено од “Албанците фашисти“96 кои биле потпомогнати од Германците при што имало големи жртви.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Појавата на македонските единици од делот на Македонија под Југославија во леринско-преспанскиот сектор во прилична мера придонел за уште повеќе да се подигне националниот дух на Македонците.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Побунетите војници побараа продолжување на воените дејствија за ослободување на делот на Македонија под Бугарија и делот на Македонија под Грција.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
А само ден потоа, еден дел од силите на НОВ на Македонија стационирани во Скопје а потоа и во Штип, најотворено се спротиставија на учеството на македонските единици на Сремскиот фронт исфрлајки ја паролата “За Солун”.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Во борбите за конечно ослободување на Југославија, животот го дадоа 1.674 Македонци со различна национална припадност.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
На 12 април 1945 е извршен пробојот на Сремскиот фронт во кој учествувале и бројни македонски единици.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
На таа територија престојувале: одредите “Јане Сандански”, “Даме Груев” и Првата македонско-косовска народноослободителна бригада.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)