Но, тука не не доведе желбата за да му се восхитуваме на ретко убавиот пејзаж на овие македонски планини.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
А кога се спуштила ноќта, самовилите од сите македонски планини, полетнале на бојното поле, на Беласица, да ги соберат мртвите очи...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Во внатрешноста на македонските планини се сместени голем број јами богати природни галерии.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Да, се смеат и се радуваат сите македонски планини на пролетните убавини.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Потоа Кочо честопати си го претставуваше Аритона како броди вкрст низ македонските планини, смел и видовит, - сѐ додека пред два дена не налета неочекувано на него во едно ќустендилско уличе.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Како четник, тој повеќе од една година ги обиколувал македонските планини, а потоа емигрирал во Бугарија.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)