македонски (прид.) - трговец (имн.)

Кон нив биле приклучени и неколку богати македонски трговци, но тоа не го менува фактот дека главни носители на егзархиската политика во Македонија, против која се борела македонската интелигенција, биле познати интелектуалци дојдени од Бугарија и дека тие станале главни идејни носители и организатори на борбата против историски определената самостојна дејност на Револуционерната организација, т.е. против нејзиното основно програмско барање - по револуционерен пат да извојува политичка автономија за Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Недовербата се ширела на сите страни, бидејќи не се знаело кој сè ќе биде вовлечен во амбисот поради пропаѓањето на некои трговски куќи што им припаѓале на крупните македонски трговци.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)