македонски (прид.) - химна (имн.)

Сеедно дали станува збор за државотворците или опозиционерите, за младата или постарата генерација, за Пулс, Нова Македонија, Стремежи или Кинопис, на сите нив заедничка опсесија им е на сцената, било домашна било меѓународна, најдобро да ја отпеат македонската химна.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Кај да е, кај десет-единаесет излегва сличето на камениот мост од Скопје, ја велат македонската химна и крај на програмата.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)