македонски (прид.) - чета (имн.)

Виничката и бројните други провали, судирите на македонските чети со аскерот, теророт на турските власти против македонското население се јавувале како нормална појава на една длабоко револуционерна ситуација и предизвикувале различни ефекти во земјата и во странство.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Бугарската врховна команда формирала посебен штаб за организирање на македонските чети.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Со штабот раководел Тодор Александров и активниот офицер на бугарската зрмија Александар Протогеров.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Задушувањето на востанието било проследено со репресалии од страна на османските власти врз македонското население, а градот на Републиката, Крушево бил претворен во пеплишта и урнатини.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Од балканската битка е истргнат настанов, време кога во 1912 година Србија, Бугарија и Грција, нешто пред тоа и Црна Гора, ѝ објавиле војна на Турција, а јавнатата Македонија ја бранеле од туѓо зло за свое, под команда на ефендија Али Риза: Вардарската армија на Зеки-паша, Струмичкиот корпус на Али Надир, Северноалбанската војска на Асан Риза, Јужно македонските чети на некојси Таксим, некакви други булуци на аскер и башибозук и богзнае какви сѐ уште регуларни и диви воини.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но и покрај тоа, воените судири меѓу македонските чети и Османлиите продолжиле уште еден месец.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)