мал (прид.) - душа (имн.)

Од пеењето ќе му пукне малата душичка и тој, со капка крв на клунчето, ќе се стркала од лисјето во бујната трева.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Брзо - рече - копај, оти со мала душа сум.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Само мил лик пред мене гледам што ме чува од раѓање до денес и мала душа која јас ја одгледувам моја роза нежна, пејзаж дополнува, расне без бреме, додека трпеливо чекам, во ова најубаво време.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)