мал (прид.) - екран (имн.)

Сега, речиси ми е гајле, освен ако не ја видам некоја од тие умислени личности А, со пола грам талент и тони амбиции,како на малиот екран, во гро план се прчи во сивиот костум.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Од малиот екран, не поголем од кутија за кибрит, секоја вечер врз нас се слеваше црно-белото зло.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Можат геј-мажите да си тврдат дека сакаат да гледаат прикази за самите нив и за своите животи, но ним честопати знаат да не им се допаѓаат приказите за геј-мажите што ги создале геј-мажи или, пак, не успева да им потрае таа заинтересираност за нив. ‌И може да им се разбере неполетноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-мажите не ги возбудуваат геј-мажи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-мажите си имаат женски икони – диви, манекенки, холивудски ѕвезди, а денес дури и политичарки – со кои ќе си се идентификуваат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И си имаат стрејт-мажи да им бидат икони што ќе ги посакуваат – спортски јунаци, фотомодели, ѕвезди од големото платно и од малите екрани, мажи во униформа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И нема што да читаат романи, да гледаат филмови, да запишуваат предмети, да гледаат изложби и да одат на културни фестивали што се фокусираат на геј-мажите. ‌Во 1978 г., канадскиот социолог Бери Д.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сѐ она што се случуваше долу, во она измешано шаренило со свеченост, му се причини видено некогаш: дали во оние ретки соништа на кои одвај се сеќаваме, или на некои од приемите што наеднаш ќе залутаат помеѓу другите настани на малите екрани!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не сакаше да им верува на очите дека сето тоа што го гледаше на малиот екран беше вистина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)