мал (прид.) - небо (имн.)

Кога сме кај сметањето, да ви кажам дека во циркусот опсесија ми стана пресметувањето на волуменот на чаши и пехари; ме интересираше колкав е волуменот на еден женски папок, штом толку ѕвезди собира во него, и какво жестоко небесно питие има во папокот на жената при парењето, штом толку жестоко опива тој пијалак, сосема невидлив, занемарлив кога се изразува во единиците за волумен); значи, тие имаа простор, ние дел од него; ние бевме прогонети од големото на малото небо, а нѐ прогонуваа такви како Луција, како Фискултурецот, како подоцна и Земанек; така беше тоа и беше – утешно.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога денес размислувам, навистина сум убеден дека тогаш циркусот, покрај манастирот, беше едниственото место каде не важеа законите на околниот свет; тоа беше држава во држава, нација во нација, свет во свет, космос во космос; мало небо во големо небо.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Всушност, се жалеше (како што само тој знае да се служи со зборовите), дека забележал дека неговите сетила се целосно мртви, дека веќе и чудата не го возбудуваат, оти отрпнал на невозможното, кое во циркусот го имало премногу; дошол до ситуација, велеше, чудата да му станат секојдневие, и посакал да се врати од малото небо (веројатно мислеше на циркускиот шатор), под големото.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Летаа и летаа на тоа мало небо.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Споредени со бескрајните неба на Северна Америка, со нивните роеви облаци, нашите мали неба од облачиња, нашите мали облачиња се како отсјај на нашите мисли облачиња, мисли кои никогаш не се космички...
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Но, јас немав намера да излегувам надвор, освен по сексуални потреби и храна: ќе купев нешто за јадење, ќе се најдев со некоја проститутка, и потем се враќав дома, под малото небо.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)