мал (прид.) - принцеза (имн.)

Најмало дете на своите родители, Томаица беше растена и чувана како капка вода на дланка, како да беше мала принцеза.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
А мама ја поттикнуваше да посака... ете, што било, велејќи ѝ дека мама ќе ѝ зготви на својата мала принцеза сè што таа ќе замисли во тоа свое бушаво главче.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Носеше некое ново фустанче и ми личеше на малите принцези од убавите бајки. Колку ја сакав!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)