милион (прид.) - жртва (имн.)

Искуствата на нашите советски браќа, на чело со Сталин, кои со милионски жртви ја одиграа пресудната улога во победата над фашизмот и во ослободувањето на народите, треба секогаш да ги имаме предвид.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И еден ден кога сета душа ќе му биде обземена од слепата јаничарска моќ, ќе започне да ги разместува народите, да ги заменува верите со комунистичката идеологија, да ги укинува старите азбуки на народите, по цена на милионски жртви, постапки кои се ширеа заразно и долготрајно и на балканската духовна почва.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)