Обновив минат ден за да те сакам повеќе на заминување.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Пред неговата мисла остануваше да биде попусто истрошен и сиот тој напор од минатиот ден, и сите превиткувања на неговото тело по проклетата, непробојна кора на снегот и сета негова прегладнетост и страот, и бегањето, а и оваа безизлезна прибраност во крошната на старата ниска бука.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Би е рекол - девојко, не биди Марија и плачи по белите птици згрчени во моите очи, по сите бели птици на минатите денови.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
А татко му еден ден му рече: кој нема татковина, нема ниту гроб, нема ниту гробници и ти забранувам да патуваш!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Гледав векови песок како покриваат судбини.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Додека го разгоруваше огнот многу настани од минатите денови поминаа низ неговите сеќавања.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Во својата поезија ќе сведочи дека е тој постојано во заминување кон татковината: заминувам во сон, таму ќе се најдеме ако постои враќањето од егзил, обновив минат ден за да те сакам повеќе во новото заминување, заминувам во правец кој не постои!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)