минат (прид.) - ноќ (имн.)

Максимилијан Мертен помислува, дали тоа Мајснер, неговото второ јас, сега одново го сонува него.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во таков еден будоар и со тие мисли сега се буди Максимилијан Мертен исполнет од инфантилниот сон и од страста излеана минатата ноќ и забележува дека нема мамурлак, само потешко будење, што сѐ заедно го припишува на мерката со која го пиеше екстравагантниот алкохол што тука, инаку се точи без ограничување и пред сѐ на исцеденоста од љубовната игра што толку благотворно го замори.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во нејзините широко отворени очи се читаше сиот страв, преживеан минатата ноќ.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Веднаш потоа во свеста му се појавија сите стравотии од минатата ноќ.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Очигледно, минатата ноќ или рано утринава си ја зел змијата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ја моли Господ за тебе мината ноќ.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Минатата ноќ му реков, „Даниел, дали си тажен зашто се ожени за болна жена?“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Дождот, што истураше цел ден, ноќта тивко се повлече, исто како што дојде минатата ноќ.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Тој многу не зборува, Кети, но минатата ноќ тој беше буден заедно со мене сè додека не го замолив да си легне.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Можеби тоа било само халуцинација. Дали навистина видела змија? Можеби само ја сонувала, минатата ноќ, рано ова утро.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Кога утрината му ја подал новата штичка, со наши, а не со негови букви сочинета, тој со прстот сѐ така еднакво минувал и од збор до збор ја повторувал истата приказна од минатата ноќ: богот слегол од небото на земјата и сотворил сѐ што постои денес на лицето на земјата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Утрото, додека заедно со Иван слегуваме кон Бањи дружев со тоа смешно и по малку чудно чувство, дека уште сум во расправа со љубовните згоди што минатата ноќ сосема непотребно ме одалечуваа од сонот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Го советував него а всушност себеси се прекорував.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Можеби и затоа му реков на Иван, божем со намера да му помогнам при неговото навлегување во светот на возрасните, дека непромисленоста не е секогаш најдобар сопатник, дека таа обично нѐ доведува во непланирани ситуации.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зар не виде како се џарам околу себе додека ја враќав теглата во празнината на ѕидот и додека ја спуштав лажицата во каленицата од која минатата ноќ сркав надробен леб во толчен лук со оцет и вода.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со овие постапки (мислам на толчениот лук со оцет и вода од сношти, како и на шеќердисаното слатко од утринава) дали посакував да се уверам дека животот продолжува со својот вообичаен тек?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Си мислам – минатата ноќ. Ева III, наслика едно незаборавно платно. Во кревкиот мајски миг. Во мене.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Се смееше на сето она, што го доживеа минатата ноќ и оваа утрина, а смеата сѐ уште продолжуваше да извира од него во палави клучеви и не сакаше да престане.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тие го гледаа со очи, во кои стоеше сè, што се случи минатата ноќ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Наместо да се обиде да дојде до некоја информација што ќе содржи или барем ќе наслути некаков излез тој по втор пат ги исцедува помеѓу забите истите веќе искажани констатации: дека Загорка минатата ноќ не ја поминала во нејзината постела и дека за жал не е пронајдена нигде во кругот на болницата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Штом ќе препознаам некаде присуство на невиност ако не можам да му се придружам барем сочувствувам со него - реков во желба да го дообјаснам карактерот на моето учество во настанот кога веќе беше речено дека сум го подржал она што се случуваше минатата ноќ.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Навистина, минатата ноќ, кому му беа упатени неговите пофалби? Или не се изразуваше доволно прецизно?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Величковски беше натрапникот, кој во минатата ноќ, додека шетав по булеварот пред нашиот Уред, изнурна од мракот и ме престраши клавајќи ми ја раката на рамото.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А со секоја минутка ми станува се појасно дека и таа присуствуваше на онаа приредба на креатурите што се одржа минатата ноќ.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Минатата ноќ“, рече Бартон во дваесет и првата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Не се сеќаваше што се случи минатата ноќ.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
„Утрото - пишува Стег - јас набавив една кола за да ги обиколам нашите установи и да видам што станало минатата ноќ.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)