Меѓу бурните уметнички случувања во првите триесетина години на веков што  изминува, експресионизмот има(ше) свое сосема посебно место, и тоа како според    политичката контроверзност што ја предизвикуваше (од една страна обвинуван како    некаков мистичен предвесник на национал-социјализмот, а од друга, токму „изопачените”    експресионисти најмногу страдаа за време на фашизмот), така и според уметничките    содржини што ги носеше, необично спојувајќи ги романтичниот и мрачен дух на 19-иот    век со револуционерните промени на многу полиња во почетокот на 20-иот век.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА  бр. 36“
              
              (1997)