морски (прид.) - широчина (имн.)

Пред да се разделиме, синко, би сакал да ти речам дека кој пат ќе го фатиш најмногу зависи од самиот тебе, што ти е на срце, што ти е скриено длабоко во твојата душа: да останеш и да ги завршиш правните студии или да се вратиш кај твоето семејство на Балканот?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Можеби памтењето намерно ме лаже не е исто да се доживее и да се раскаже можеби сонот е фатаморгана и сонувачот можеби оние кои ме повикаа морето да им го вратам барем со збор и не се веќе риби можеби се реслови од некој дамна свршен лов или од оргијата која претстои меѓу морските широчини на овој од себе заведен свет како и да е јас и понатаму времето го мерам со сонот нив ги препознавам во нешто сосем лично и се одвикнувам од животот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Напразно е мавтањето по птиците што лебдат над остров во морски широчини...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Ветерот од морската широчина тивко дувкаше, неколку бели галеби бараа пристан на морскиот брег.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кристофер Колумбо Васко де Гама Педро Алварез Кабрал Џон Кабот Фернандо Магелан Јас ќе продолжам со приказната Но Карак и Каравела ќе заминат во морските широчини Доцнам!
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Репринт на убавиот поглед кон морски широчини што тонат во заборавот на едно време.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)