„... Таа жената моја беше од битолските села и таа имаше еден роднина во Америка.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
А нас на времето не зближи, едно, што бевме комшии и, друго, што и моите беа од Бегова чешма.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
И, колку да беа интересни нивните случаи, мојот беше вонсериски.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
За мене и не беше многу страшно, јас и не морав да кријам ништо, сѐ мое беше во идеални пропорции.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
И потем во светлина раскошна, со музика семирска се спушти над мојата глава, ми ја позеде раката, го фрли мојот груб калем од железо и во раката калем од лач небесна ми стави; калемот сам почна да пишува со раката моја, и до првиот час по полноќта, кога првиот петел се гласи, писмото за господарот мој беше готово, и јас знаев која буква на кое нешто му одговара.“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Откако му раскажав што и како се случи вчера во паркот, тој призна дека тоа било едно возбудливо доживување и ми се пристори дека помалку и му е криво што нему не му се случило.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Леле, Бреза, немој да ме разочаруваш!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Претпладнето, додека моите беа на работа, брат ми и јас ковавме план. Идејата беше негова.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Од каде знае дека сум била? – се зачудив, но сепак реков: - Не сум била јас, моите беа.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
На покривот се собираа гугутки, ги слушнав.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Слична на сина снегулка, на прозорецот падна пеперуга и се сетив: болеста моја беше да се дочека пролетта на туѓ сламарник, лек - да се гледа низ клепки во детски подотворено руменило на усни.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Практично дојдов кај Вас за да Ве поканам на човечко дружење”. „Мојата позиција, знаете е специфична”, рече Беренц, кревајќи ја главата и одново заменувајќи ја срдечноста со резервираност. „И мојата беше во Минхен, па сепак го восприемав и градот и Баварија со сите духовни сетила.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Таму со задоволство влегував во католичките цркви и катедрали, и иако православен, се молев заедно со католичките верници. Вие сте католик?“
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
А, згора на тоа, бев сигурен дека наставничката Трпана малку ќе ми прогледува низ прсти тие денови додека моите беа на пат, водејќи сметка за „нарушувањето“ на мојот живот без родители.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Навистина ли морам, друже Ивазе. - Мое беше да ви кажам, а вие како знаете! Не вредеше да се должи со другарот Петар Иваз.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ми беше познат тој случај, со сите последици; мои беа и оние зборови: дека во љубовта покрај одењето и трчањето е присутен и летот па сепак не бев во состојба да ја сфатам загриженоста на Б.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Бидејќи ние со домаќинот мој бевме сложни, што се вели како со еден ум и со една душа, јас уште од вчерадента знаев што ќе ми работи човекот мој утредента и, утрото, пред него ќе бев станата, торбата со јадењето ќе му ја имав стокмено, ќе му помогнев да ги истера воловите од аурот и да ги прегне или да ја самари маската, ако требаше да му помогнам на маска да се качи, стол за поткачување ќе му изнесев, маската од порта надвор за водило ќе му ја заводев, до над куќи ќе го испратев, ќе му го дадев водилото в раце, ќе го пуштев да одмине и по него трипати ќе се прекрстев.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
„Тука јас заповедам. Моја беше идејата.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Сакаш водач да станеш? Штотуку ми се прчиш пред овие...“ скокна Љупчо.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
„Ама што ти е тебе, по ѓаволите! Креваш бунт!
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
МЛАДИЧОТ: Ми се чини дека уште синоќа Ви расправив - сите мои беа заклани од Турците.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Сеа ако сакаш ој, ако сакаш не, мое беше да ти кажам, сеа проблемо си е твој!
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Мајката, ќе си речам, селото мое беше нагоре, зошто јас одам надолу. И ќе се повратам назад.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)