мој (прид.) - е (гл.)

Твојот живот е некаде, а мојот е онаму...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Ставен под опсада на бездушни крадци пијавици гладни и човекојадци мојата душа е ставена на мета во светот будалест неуморно прета Мојата душа претрпе стрес неправди безброј, понижувања, бес гази ја , ништи ја за сѐ што е крива еве ја тука повторно е жива Во душата моја се сееше чемер бескрајни лаги од секој лицемер мојата душа се навикна да трпи гази ја, ништи ја повторно се крпи Душата моја е жива и спортска трча на долга стаза маратонска неуморно скока на животна пречка гази ја, ништи ја ќе остане вечна
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Моето е премолчено Реков, Мојата Певна Проклетија. “ низ мене Низ мене: До болот а низ болот И потаму: До пеколот. чучулигата Не научив Да ги изговарам зборовите Тие од мене капеа Небаре крвта Од срцето На Чучулигата. најлудата песна Кој ја спотна Најлудата песна Во најлудата глава Темна Како Ноемвриска Ноќ? благослов на јадењето Јасен е плачот Песната на внатрешната убавина, Празникот кога сечам леб, Или Кога го благословувам Јадењето: Сопствената Душа. гозба Ме јаде вдахновението Внатрешниот оган, Светлината, Совршенството И Смртта.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
МАЛИОТ: Ја стега. Го имам! Мој е! Да гризнам малку?!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Сум бричел по тројца одеднаш. Сум бил познат по тоа. Други времиња беа.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Моето не е бричење. Моето е уметност.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Друмот мене ме чека, само мој е и никому друг сега... Ех, мој инжињеру!...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- Не може- рече бате Јоле. – Само јас можам да бидам срна. Моја е срната.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Планината, каде што е мојата душа, сенката моја е исток. Онаа на којашто сум јас е запад.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- Што имам, мое е! - Си имал и ќе немаш... Си бил и не ќе бид...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Само душава моја е столчена, а телото изгазено, зашто сум далеку од моите три деца, кои ги оставив во племњата и в раце на Османлијата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Го однела во шупливо стебло и направила мед.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Џуџестиот жерав го сфатил советот. Фалејќи ја умноста на Судбината, се извишил со своја песна: И олкацок пак сум жерав, мој е сиот простор син.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Мое е детето, вели сестрата, не ми остана време да го надојам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пазува мои денес разгрнвам, - мојот е поглед ко солнце врел радоста моја ко сокол ќе летне на овој светол празничен ден!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
- Песнава моја е ѕун на полето - еднаш испеана стопати ќе екне.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
„Сакаш да речеш дека и Генералот е твој!“ ѝ вратила бессрамно Рајна. „Па и мој е да видиш“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Има и кавги, Ќе се истркала некој полжав пред туѓа мотика, и едниот ќе рече: мој е полжавот, а другиот: да беше твој, ќе беше пред тебе, ќе рече и ќе се фатат в гуша. Па ајде, брани откинувај.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Е, мое е да прашам, велам, а твое - да ми кажеш. Ама Битола не е донде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)