Зошто да страхувам На Соња Зошто да страхувам, од што да се плашам И оние кои веќе ги нема некогаш ги гледаа овие исти ѕвезди и врвои, и исти молитви глаголеа, и исти песни пееја, и овој ист наш јазик го говореа и иста мисла како мојава ги опседнуваше: Зошто да страхувам, од што да се плашам?
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Само ти знаеш низ вени да ми пловиш, само ти ко лесен плен лагите мои ги ловиш.
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
...се набљудуваме еден во друг ја храниме жедта сѐ повторно се враќа сé повторно бега утрата ги засолнуваат крвавите траги во зеницата ја потиснуваат вистината на ноќта под погледот добро утро убав ден им отпоздравуваме на соседите мило мое ги гушкаме децата ќе ти се јавам им телефонираме на оние од кои не бараме премногу вратите се отвараат и затвараат куќите повторно градат повторно уриваат... ...дојди ми го извикуваш името змиите се множат толку брзо секој миг отровот ќе се разлие зарем тоа го сакаш да умрам за обајцата отфрлена осрамотена дојди татко си ми и љубовник спој се со мене заштити ме дојди ќе газиме по змиските глави ќе го минеме очајот без да погледаме надолу ќе се разбудиме во истата постела и нашите облеки расфрлени околу...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)